/ Прочитано:

1.441

„Фајнанс тинк“ ги претстави резултатите од истражувањето „Одржливост на македонскиот државен долг“

„Резултатите на студијата покажуваат дека, врз база на истражувања на повеќе сценарија за среднорочни вредности на макроекономските варијабли кои влијаат врз динамиката на долгот, одржливите граници на македонскиот државен долг се движат помеѓу 41% од БДП и 48,7% од БДП. Аналогно, земајќи ја предвид просечната разлика помеѓу државниот и јавниот долг, границите на одржливост на македонскиот јавен долг се движат помеѓу 51% и 51,9% од БДП. Со ова, моменталното ниво на македонскот државен и јавен долг е сè уште во одржливи рамки, но се движи кон границата на одржливост. Имено, иако простор за нови задолжувања постои, поголемиот дел на фискалниот простор е веќе искористен“, беше истакнато на денешната прес-конференција.

Институтот за економско истражување и политики „Фајнанс тинк“ – Скопје денеска ги претстави резултатите од истражувањето „Одржливост на македонскиот државен долг“.

Со брзорастечкиот тренд на задолжување на државата, темата на одржливост на македонскиот долг стана примарен фокус на економската дебата. Според истражувачите, оваа анализа, со помош на економетриски модели, земајќи ги предвид клучните карактеристики на македонската економија, го проценува одржливото ниво на македонскиот државен и јавен долг под различни макроекономски претпоставки.

„Резултатите на студијата покажуваат дека, врз база на истражувања на повеќе сценарија за среднорочни вредности на макроекономските варијабли кои влијаат врз динамиката на долгот, одржливите граници на македонскиот државен долг се движат помеѓу 41% од БДП и 48,7% од БДП. Аналогно, земајќи ја предвид просечната разлика помеѓу државниот и јавниот долг, границите на одржливост на македонскиот јавен долг се движат помеѓу 51% и 51,9% од БДП. Со ова, моменталното ниво на македонскот државен и јавен долг е сè уште во одржливи рамки, но се движи кон границата на одржливост. Имено, иако простор за нови задолжувања постои, поголемиот дел на фискалниот простор е веќе искористен“, беше истакнато на денешната прес-конференција.

Главните препораки кон кои би требало да се насочат креаторите на политиките, како што денеска беше нагласено, се: финансирање на исклучиво продуктивни инвестиции со висок фискален мултипликатор, целосно елиминирање на непродуктивните тековни трошења, додека растот на тековните трошења за плати во јавната администрација, пензии и социјални трансфери треба да се усогласи максимално со номиналното ниво на раст на економијата. Дополнително, стабилизација на деловното институционално и правно окружување ќе доведе до подобрување на кредитниот рејтинг, кој би довел до намалување на премијата за ризик на државата и воедно пониски каматни стапки на задолжувањата во иднина. 

А. Б.