/ Прочитано:

881

„ФАЈНАНС ТИНК“: Макроекономски монитор за третиот квартал за 2017 година

Во третиот квартал од 2017, се вели Макроекономскиот монитор, економијата порасна за само 0,2% споредено со истиот квартал од 2016. Стагнацијата на економијата во овој квартал е ехо на политичката криза која заврши непосредно пред неговиот почеток. Но оптимизмот кај економските агенти, кој се појави со формирањето на Владата во јуни 2017 година, е веројатно клучен за запирање на опасноста економијата да западне во посериозна рецесија.

Во третиот квартал, бруто-инвестициите и понатаму се намалуваат, но падот е забавен. Од друга страна, забавување на растот се забележува и кај извозот и увозотЛичната потрошувачка останува да биде значаен носител на растот во овој период. На производната страна, преработувачката индустрија и градежништвото забележуваат значајни падови од 5,8% и 11,6%, соодветно. Оттука, со цел оптимизмот да се претвори во повисоки стапки на економски раст, сега се потребни интензивни и амбициозни владини чекори за поттикнување на инвестициската активност.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработеност покажува понатамошно пркосно намалување од 0,5 процентни поени, до 22,1%, што и понатаму главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабриките кои веќе беа воспоставени во економијата.

Оттука, „Фајнанс тинк“ ја задржува проекцијата за растот на БДП за 2017 на 0,8%, со нагласен ризик од нејзино преценување. Според сегашните економски движења и изгледите за движењата во следниот период, растот на БДП за 2018 година се проектира на 3,1%. ( Макроекономски Монитор)

М.В