/ Прочитано:

389

„Фајнанс тинк“: Поставувањето на целите во програмите на Владата да биде реалистично

Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020- 2024 година се остваруваат со различна динамика, но вкупниот заклучок е дека остварувањето е недоволно за да може да се каже дека тие се исполнуваат, посочуваат од „Фајнанс тинк“.

Големи економски ветувања, големи потфрлувања?

Скоро половина, односно 44.4% од дадените ветувања во економскосоцијалниот домен, моментално се остваруваат во насока спротивна од даденото ветување. Причините за оваа состојба вклучуваат нереалистично поставување на таргетите имајќи ги предвид претходните остварувања, нереалистично поставување имајќи предвид дека економијата е во криза предизвикана од пандемијата, како и поставување таргети кои може да го нарушат пазарот или кои може да блокираат неразумно голем контингент буџетски средства за ветувањето да се реализира.

Оттука, Finance Think препорачува поставувањето на целите во програмите на политичките партии и, следствено, на Владата да биде реалистично и да води сметка за изводливоста и чинењето. Порамнувањето на политичките ветувања во економскиот домен со фундаментите на економијата, тековната фаза на развојот, како и со менталитетот на граѓаните и компаниите, ќе придонесе за подобри и поефективни економски политики.

М.В