/ Прочитано:

1.183

„Фајнанс тинк“ со предлози за поквалитетна администрација

„Фајнанс тинк“ објави инфографик за јавната администрација. Според инфографикот произлезен од  истражувањата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“, клучниот проблем не е во обемот на администрацијата, туку во квалитетот на резултатите. Основна причина за тоа е вработувањето и непочитување на системот на стручност, компетенции и квалификации. Од Институтот посочуваат и дека продуктивноста во администрацијата е опадната за 13,3 отсто за седум години.

Во инфографикот на „Фајнанс тинк“ се посочени и решенија за подобрување на состојбата во администрацијата преку сеопфатен систем на евалуација, воведување повеќе скалила во службата, Закон за висока раководна служба со комисии од надворешни чинители, отежнување на унапредувањето, олеснување на деградацијата.

М.В