/ Прочитано:

1.377

„Фајнанс тинк“ за најавите за зголемување на минималната плата

Според проекциите на „Фајнанс тинк“, просечната плата во 2019 година се очекува да надмине 25.000 денари, со очекуван раст од 4.2% во однос на 2018 година.

„Согласно на ваквите тенденции, кои се одраз на движењата на продуктивноста во економијата, „Фајнанс тинк“ проценува дека ниво на минималната плата од 13.000 денари во јули 2019 би било издржливо во сегашниот економски контекст, односно не претставува опасност по работите места. Тоа беше потврдено и низ квалитативна анализа на интервјуа со работодавачи, кои може да се прочитаат во погоре-споменатата студија“, се вели во анализата на „Фајнанс тинк“.

Сепак, „Фајнанс тинк“ апелира:

  • Дебатата за минималната плата да се ограничи на економски рамки и очекувањата на јавноста да се потпрат на економски принципи, наместо на популистичка реторика, што во крајна линија може да загрози многу работни места во нископлатежните сектори.
  • Пожелно е Владата да посвети итно и опсежно внимание на теренското спроведување на одредбите од трудовото законодавство, и тоа: Oние сврзани со плаќањето на трудот, особено, доминацијата на исплата на плата во плико кај 62% од работниците осигурени на минимална плата е загрижувачка тенденција која мора итно да се адресира.
  • Oстанатите работнички права за постоење договор за ваботување, користење денови од одмор, плаќање прекувремена и работа во викенд и сл., особено поради тенденцијата што нивното прекршување е повеќе нагласено кај примателите на минимална плата (види Слика 3).
  • Да се напушти тврдењето дека порастот на минималната плата поттикнал раст кај другите плати. Наодите укажуваат дека тенденцијата е спротивна, односно дека постои компресија на платите на и околу нивото на минималната плата, односно она што работодавачите го нарекуваат „урамниловка“. Поагресивни и поиздашни мерки кои ќе поддржат раст на останатите плати се потребни, и особено ревизија на мерката за субвенционирање 30% од порастот на платите во опсегот меѓу минималната плата и 18.000 денари. Во крајна линија, ниту една парцијална мерка не може да го замени влијанието што посилен раст на економијата би го имал врз платите.

Работници се соочуваат со проблемот „плата во плик“

Дали социјалната пензија ќе ја намали сиромаштијата на старите лица

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

Публикуван ставот на Фајнанс тинк за бројките за БДП и невработеноста

М.В