/ Прочитано:

1.000

„Фајнанс тинк“ за предложениот пораст на минималната плата

Владата објави дека минималната нето-плата ќе се зголеми на 14.500 денари од сегашното ниво од 12.507 денари, што претставува зголемување од 16%. „Фајнанс тинк“ и понатаму стои на ставот дека нивото на минимална плата коешто е конзистентно со тековната продуктивност во економијата се движи до 13.500 денари.

„Предложеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плик.

‘Фајнанс тинк’ препорачува предлогот за зголемување на минималната плата да се одмери уште еднаш наспроти овие податоци за состојбите во економијата. Фокусирање врз продуктивноста на нископлатените работници и ефикасноста и технолошкиот напредок во компаниите кои исплаќаат ниски плати е најсигурниот пат за раст на економијата и платите“, истакнуваат од „Фајнанс тинк“, чија целосна анализа за предложениот пораст на минималната плата може да се погледне на следниот линк.