ФБИ го истражува исчезнувањето 1,2 милиони долари на летот Цирих – Њујорк

Во тек е истрага преку која треба да се утврди дали парите исчезнале уште на одделот за багаж на аеродромот во Цирих, од каде што полетал авионот, или по слетувањето во Њујорк.
Исчезнатите пари биле во банкноти од по 100 долари, изјави претставник на ФБИ. Како што посочуваат од Бирото, парите биле во контениер и за негово преместување е потребен виљушкар. Швајцарскиот авиопревозник соопшти дека поради истрагата која е во тек не може ниту да го потврди ниту да го коментира овој случај.