/ Прочитано:

817

ФБИ се сомнева дека повеќе лица биле вмешани во нападот во Бостон

Вторник, 30 април 2о13 – Браќата Џохар и Тамерлан Царнаеви осомничени за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, заедно со нивните родители добиле од САД субвенции во вредност од 100.000 долари во периодот од 2002 година до 2012 година. Инспекторите водат истрага против неколку дополнителни лица кои би можеле да бидат вмешани во нападот на маратонот во Бостон. На една од бомбите, истражителите на ФБИ нашле траги од женска ДНК. 

Државата му дала на чеченскито семејство купони за храна и плаќала дел од нивната киријата. Податоците за тоа се достапни во повеќе од 500 документи кои властите во Масачусетс ги предале на локалните претставнички тела во Бостон. Претходно беше објавено дека субвенции добиле Тамерлан Царнаев, неговата сопруга Кетрин Расел и нивната тригодишна ќерка, како и родителите на двајцата браќа. Властите престанале да му даваат пари на семејството во 2012 година, откако нивните приходи го надминале минималното ниво, утврдено во законски рамки. 
ФБИ ги идентификуваше двајцата браќа Чеченци – Тамерлан и Џохар Царнаев, како осомничени за експлозиите на двете бомби на маратонот во Бостон на 15 април, во кои загинаа три лица а повеќе од 260 луѓе беа ранети.

26-годишниот Тамерлан беше убиен во оружена престрелка со полицијата неколку дена по нападот, додека неговиот 19-годишен брат Џохар беше фатен жив и се наоѓа во затворска болница.