ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки
„Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.
До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.
Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу ¾ од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.
Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот“, соопштуваат од Фондот.
Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“
Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“
ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени
Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај
Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В