/ Прочитано:

1.639

„Фејсбук“, „Јутјуб“, „Твитер“ и „Мајкрософт“ во онлајн борба против тероризмот

„Создадениот глобален интернет форум за борба против тероризмот ќе оформи структура со постојните и идните сфери на соработка меѓу нашите компании и ќе ја насочи соработката со помалите технолошки компании, групи од цивилно општество, ќе соработуваме со научници, со владите на државите и со наднационални органи како што се Европската Унија и Обединетите нации. Ова е со цел поефикасна борба против екстремистичките и терористичките групи кои сè помасовно ги користат социјалните мрежи“, се вели во декларацијата на компаниите.

Глобален интернет форум за борба против екстремизмот и тероризмот е онлајн групација создадена од страна на четирите највлијателни социјални медиуми „Фејсбук“, „Јутјуб“, „Твитер“ и корпорацијата „Мајкрософт“. Тие информираа дека формираат светска работна група во која ќе обединат напори за отстранување на терористички содржини од своите платформи.

„Создадениот глобален интернет форум за борба против тероризмот ќе оформи структура со постојните и идните сфери на соработка меѓу нашите компании и ќе ја насочи соработката со помалите технолошки компании, групи од цивилно општество, ќе соработуваме со научници, со владите на државите и со наднационални органи како што се Европската Унија и Обединетите нации. Ова е со цел поефикасна борба против екстремистичките и терористичките групи кои сè помасовно ги користат социјалните мрежи“, се вели во декларацијата на компаниите.

Тие најавуваат споделување технички средства за поништување на терористички содржини како одговор на притисокот од владите во Европа и САД во врска со зачестените терористички напади.

Ваквите активности на социјалните мрежи следуваат веднаш откако Европската Унија се обврза на многу посилна соработка со земјите членки на Унијата, како и со државите од Западен Балкан во борбата против тероризмот, за што беа усвоени и пакетот мерки за борба против тероризмот.

Советот за надворешни работи на ЕУ истакна дека се усогласени мерките што треба да ги преземе Одборот за надворешни работи на Унијата. Една од мерките е испраќање експерти за безбедност и борба со тероризмот во делегациите на ЕУ, а усвоените пакет мерки предвидуваат борба против радикализацијата и користење интернет и социјални мрежи во радикализацијата.

А. Б.