/ Прочитано:

2.539

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

„Утрово се тестирани 10 пациенти, позитивни се тестовите на тројцата пациенти коишто се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“. На пресот вчера информацијата беше за двајца, а потоа се јавил уште еден пациент, и денеска во Институтот за јавно здравје се направени контролните тестови со цел да бидат унифицирани и го потврдија нивниот резултат. Денеска, до 12 часот вкупно во земјава има регистрирано 26 заболени пациенти.

Станува збор за пациенти од Скопје, еден кој имал симптоми една недела, неговите контакти се мапирани и сега се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент. Понатаму, семејство сопружници коишто престојувале во странство и дошле во нашата земја пред неколку дена, вчера член на семејството ги однел материјалите на Клиниката „Жан Митрев“, каде што истите дале позитивни резултати. Првиот пациент е сместен на Инфективната клиника, сопружниците се се уште на домашно лекување. Тие во текот на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести.

Во тек се контактите и интервјуата со сите сопатници коишто патувале со пациентката од вчера – која дошка од Холандија со истиот авион од Виена, кој слетал вечерта меѓу 12-ти и 13-ти во Скопје. За ова е стапено и во контакст со Австриската амбасада и дадени се сите потребни информации

Инаку, во моментов, вкупната бројка на пациенти со коронавирус во нашата земја е 26, од кои 17 се хоспитализирани на Инфективната клиника и останатите девет се во Дебар. Капацитетот на Инфективната клиника е целосно подготвен, првиот спрат е четвртина од вкупниот капацитет и се уште не е исполнет, меѓутоа целосно е подготвен и вториот спрат на клиниката да ги прими пациентите за хоспитално лечење, без разлика дали е обична соба или интензивна нега со оглед на тоа што на секоја позиција можат да се стават респираторни машини затоа што секаде има довод на кислород.

Остварив контакт и со кинеската амбасада, од каде било укажано дека има сериозни шанси да стигне помошта од маски, одела и респиратори, а до крајот на неделата ќе има поконкретни информации.

Во однос на бројот на автобуси, со градоначалникот на град Скопје е договорено да се зголеми бројот на автобуси во утринските и попладневните часови, согласно динамиката на патници, бидејќи заради редуциран број на автобуси има поголема група на патници во еден автобус што секако не е препорачливо.

Околу 200 лица, наши државјани кои се наоѓаат унгарско-српската граница, со организиран превоз се очекуваат да дојдат на преминот Деве Баир. Од нив најголем број, согласно информациите досега работеле во ризичните региони во Италија, а дел од нив се во Австрија, точните податоци ќе бидат регистрирани откако ќе се интервјуираат на влез во нашата земја.

Сите овие лица тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште на Криволак, каде се обезбедени услови, снабдување со храна, медицинска поддршка за проверка, прегледи, како и соодветно обезбедување.

Апелирам до граѓаните да се почитуваат препораките за превенција. Епидемијата е во силен ек и секоја епидемија има свој тек, има почеток, акцелерација, пик, односно врв на кривата и понатаму намалување, спласнување на случаите. Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци кои што ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени во периодот кој што доаѓа да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија.

Презедовме мерки, ги дополнивме, ќе преземаме и понатаму се што треба, се со цел да застанеме на патот на ширењето на инфекцијата. Затоа, останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, ограничете го движењето, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца таму каде што има повеќе луѓе, задолжително одржувајте лична хигиена, често миење на рацете 20-30 секунди. Од сите нас зависи, од сите поединци, компании, институции, максимално сериозно мора да пристапиме на ова прашање. Ова не е шега.

Единствениот начин е сите ние да се однесуваме одговорно. Сите информации се достапни, отворени сме за комуникација, за делење на навремени и точни информации. Мерките ќе ги заоструваме доколку има потреба. Нека седат дома децата и хроничните пациенти. Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен систем, заради тоа што искуствата од другите земји покажуваат дека заразата се шири и кога е здравствениот систем оптоварен. Сметам дека сите мерки кои ги воведовме ќе доведат до тоа да немаме остар пик, нагло зголемување на бројот на заболени и тоа е главната работа за да здравствениот систем може да го апсорбира овој удар, за што сме подготвени со капацитети, опрема, кадар, што е подготвен да ротира по потреба. Сите 200 анестезиолози, 400 медицински сестри, дополнително на оној кадар со кој сега располагаме, согласно намалувањето на нивните редовни програми, сега се подготвени да се вклучат во третманот на ова заболување. Сакаме да ги заштитиме здравствените работници, за жал, во другите земји има примери во кои и тие заболуваат, сега е клучно и тие да се здрави заради тоа што тие се столбот на овој здравствен систем, главните даватели на здравствените услуги“, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В