/ Прочитано:

2.210

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании, нагласува министерот за здравство, Венко Филипче.

„Отсуството на работникот кон работодавецот се регулира со потврда издадена од градинка, односно училиште, на име на родителот со назнака за времето во кое таа важи со цел да се оправда отсуството. Во однос на прекинот на работа на дневните центри за згрижување лица со попреченост, сакам да укажам дека ослободувањето од работни активности на родителот на децата, односно лицата со попреченост е проширено и на овие деца, односно лица. Тие се обично до 26 години. Значи важат и за родителите на лица и деца кои се сместени и користат услуги во центрите за попреченост. Исто како и за родителите на децата од градинка или од училиште, ќе треба да се даде потврда дека се корисници на таа услуга“, образложува министерот.

Од здравство, од Армијата, од полиција, од пожарна, додава министерот, не можат да отсуствуваат од работа, освен ако двајцата родители не се во дејностите. Тогаш дозволено е отсуство на едниот родител.

„Значи, доколку двајцата родители работат во рамки на ист сектор, ќе треба едниот да биде ослободен од работа, и самохраните родители, исто така, треба да се ослободени од работа. Се наметна прашањето дали овие мерки, со оглед на тоа што се препораки, освен за државни, важат и за приватните компании. Напоменувам дека важат за сите заради тоа што ваквата мерка е со цел да се заштити јавното здравје. Мора да важи за сите. Непочитувањето ќе биде санкционирано и во согласност со членот 205 и 206 од Кривичниот законик за опасност од ширење на заразни болести.

Во секое време сме достапни за информации. Жал ми е што излегоа и бевме сведоци на некои лажни вести и шпекулирања. Сметам дека треба да се избегне тоа и да не се создава непотребна паника. Пред болестите сме сите исти, и затоа сите носиме иста одговорност. Апелирам сите да се придржуваат до мерките кои вчера ги препорачавме. Нашето здравје и неговата заштита останува наш највисок приоритет и интензивно работиме во изминатиот период. Уште еднаш ги повторувам мерките, а тоа се: задолжителна 14-дневна изолација доколку некој доаѓа од ризичните региони, одржување лична хигиена, често и темелно миење на рацете, дезинфекција на рацете“, истакнува министерот за здравство.

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В