Филмско бегство од швајцарски затвор на Србин, Босанец, Албанец, Косовец и Французин

Среда, 15 мај 2013Србин, Босанец, Албанец, Косовец и Французин со помош на оружје доставено од надворешни соработници, за помалку од пет минути, успеале да избегаат од затвор во предградие на Лозана, Швајцарија.

Во бегството кое се одвивало вчера наутро, како што пренесува Франс прес, тројца маскирани соучесници, се искачиле на ѕидот на затворот по што фрлиле торба со оружје кое го зграбиле бегалците и преку истиот ѕид избегале од затворот. Шестиот осуденик кој не успеал да избега и бил фатен додека се качувал по скалите. Петмината бегалци добиле затворски казни поради кривични дела поврзани со дрога и кражби, информира полицијата. 45-годишниот Србин е припадник на криминалната група „Пинк Пантер“ која пљачкаше златарници низ Европа.  „Во тек е активна потрага по нив, распишана е и потерница и во земјата и во странство“, изјавила швајцарската полиција.