/ Прочитано:

1.175

Финансиска полиција уапси осуммина бизнисмени од Струмица, Битола и Прилеп

Вторник, 5 ноемри 2013 – Финансиската полиија поднесе кривични пријави против девет лица од Струмица, Битола, Прилеп, како и еден српски државјанин поради сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, фалсификување и уништување деловни книги и за злоупотреба на службената положба. Според полицијата, осомничените го оштетиле буџетот за 3,2 милиони евра. 

Еден од приведените, сопственикот на битолската фирма „Римкос трејд“,  Финансиската полиција го сомничи дека во периодот од 2010 до 2012 формирал криминална група која испоставувала фактури со невистинита содржина и вршела нелегални финансиски трансакции.

Според првичните сознанија, нелегално набавените секундарни суровини преку фирми во Прилеп, Битола, Струмица и Кичево со непознато потекло, лажно ги купувале еден од друг и прикажувале поврат на ДДВ.

Според полицијата, осомничените знаеле дека за откупот на секундарни суровини од физички лица не се врши поврат на ДДВ-то, сопственикот на „Римкос“, прикажувал дека суровините ги откупувал од правни лица. Наводно, парите од својата банкарска сметка ги префрлал на сметките на другите осум фирми , за потоа тие да вршат трансакции кон неговата фирма, со цел да не ги платат даночните обврски .

Потоа фирмите пред истекот на календарската година, наводно ги продавал на лица со криминално досие, со што сметал дека бизнисмените се заштитени од законот. Според полицијата, на ваков начин групата се стекнала со незаконски средства во износ од 3,2 милиони евра, за колку го оштетиле буџетот на државата. Ноќеска осуммина од групата се уапсени, додека лицето од Србија е недостапно за полицијата.

Попладнево се очекува приведените да дадат исказ пред истражен судија.