/ Прочитано:

949

Фискалната стратегија во собраниска процедура

Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020 – 2022 година е во собраниска процедура. Фискалната стратегија се усвојува за период од три години и ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Законот за буџетите е основен правен акт со кој се регулира целокупниот буџетски процес, вклучувајќи ги главните учесници во буџетскиот процес, постапката за подготовка и усвојување на Буџетот, извршувањето на Буџетот и завршната сметка, управувањето со буџетската распределба на средства и подготовката на Среднорочната фискална стратегија.

„Среднорочното планирање се отсликува преку Фискалната стратегија, која, во согласност со Законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Фискалната стратегија е клучниот инструмент за среднорочно буџетско планирање, вклучувајќи и процена на новите иницијативи за финансирање. Среднорочна буџетска рамка е клучната алатка за поврзување на среднорочните буџетски одлуки со оние што се утврдени за таргетите за дефицитот и долгот.

Подобрувањето на управувањето со јавните финансии, а со тоа и континуираното унапредување на Фискалната стратегија како еден од најважните стратешки документи на една влада е поставено меѓу клучните приоритети на Владата, а исто така е и приоритет кон патот на прием во ЕУ.

Среднорочната фискална стратегија e во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и овозможува следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели“, се вели во Стратегијата која може да се преземе на следниот линк:  Фискална стратегија 2020-2022.

М.В