/ Прочитано:

1.264

Флексибилното работно време во компаниите ќе придонесе за полесно усогласување меѓу работните задачи и семејните обврски

Мора да се работи на подигнување на свеста на работодавачите со цел воведување флексибилно работно време, кое, пак, од своја страна ќе придонесе вработените полесно да ги усогласат своите семејни со работни обврски. Создавањето компании што се пријателски наклонети кон семејствата ќе резултира со квалитетни кадри на работните места, поради што од огромна важност е компаниите да им овозможат на своите вработени усогласување на работните задачи со семејните обврски. Ова е генералниот заклучок на денешната завршна конференција за улогата на социјалните партнери во овозможување на усогласеност меѓу работата и семејството.

Создавањето компании што се пријателски наклонети кон семејствата ќе резултира со квалитетни кадри на работните места, поради што од огромна важност е компаниите да им овозможат на своите вработени усогласување на работните задачи со семејните обврски. Ова е генералниот заклучок на денешната завршна конференција за улогата на социјалните партнери во овозможување на усогласеност меѓу работата и семејството.

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, која го организираше денешниот настан, истакна дека мора да се работи на подигнување на свеста на работодавачите со цел воведување флексибилно работно време, кое, пак, од своја страна ќе придонесе вработените полесно да ги усогласат своите семејни со работни обврски. Тој напомена дека веќе постојат големи компании во земјава кои целат кон остварување на ова, но според него, активностите треба да се насочат кон подигнување на свеста во малите и средните компании. Бошков рече дека тоа е едно од најважните прашања на кое треба да се посвети големо внимание.

„Не е важно дали ќе можеме да обезбедиме можност за работа четири или осум часа, туку како менаџерите ќе можат да обезбедат флексибилна можност вработените да можат да посветат доволно време за семејството и да ги исполнат работните задачи“, потенцираше претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија.  На денешната конференција присуствуваа и претставници на жени претприемачи кои истакнаа дека работат 50 до 60 часа неделно и немаат време за семејните обврски. Оттаму нагласуваат дека мора да се направат одредени социјални промени, пред сè, создавање услови за грижа за старите лица и поголема вклученост на мажите во сите активности на жената.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потенцираше дека Владата работи на концепт за обезбедување на пристојна работа и достоинство на трудот. Во тој контекст посочи на промените во работното време бидејќи според неа сите земји се соочуваат со работно време кое е сè поиндивидуализирано и подецентрализирано.

„Секоја компанија има различна форма на регулирање на работното време. Од друга страна, пак, семејството се соочува со голем дел предизвици при што во Македонија имаме состојба во која над 50% од жените се неактивни на пазарот на трудот. Во Македонија сме свесни дека бројките укажуваат дека половина од жените не се доволно вклучени на пазарот на трудот, а не можеме да очекуваме економски раст и развој ако нив ги немаме. Ако целиот товар го ставите на една жена, тогаш таа во некои области ќе даде помал придонес“, рече Царовска, според која во сите овие процеси е важно и вклучувањето на мажите.

А. Б.