Формиран Советот за следење на имплементација на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022
На редовната 57-ма седница, Владата на Република Македонија го формираше Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев. На седницата беше утврден и составот на Советот. Во него ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, јавниот обвинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховниот суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од апелационите судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и по еден претставник од основните судови Скопје 1 и 2. Членови на овој совет ќе бидат и: народниот правобранител Иџет Мемети, како и Џемали Саити, претседател на Здружението на судии, а свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и Блу принт групата на граѓански организации за правосудство.
М.В