/ Прочитано:

673

Формирање на Комитет за финансиска стабилност се предвидува во Предлог-законот за финансиска стабилност

Новиот Предлог-закон за финансиска стабилност е во собраниска процедура.

Меѓу другото, со Предлог-законот се предвидува формирање на Комитетот за финансиска стабилност. Комитетот се формира како меѓуинституционално тело одговорно за следење на спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија и за координација на активностите при идентификувањето и следењето на системските ризици во одделните сегменти од финансискиот систем, при преземањето макропрудентни мерки и при подготовка и управување со финансиска криза.

Целта на Комитетот е да придонесе за постигнување и одржување на финансиската стабилност во земјата.

Покрај формирање на Комитетот, основни решенија на предложениот закон се: усвојување на макропрудентна стратегија; доделување мандат на Комитетот за финансиска стабилност за давање на препораки и укажувања заради спречување, намалување или отстранување на системските ризици и одржување на финансиската стабилност, како и за донесување на заклучоци за постоење и престанок на финансиска криза и доделување мандат на надлежните органи за преземање на макропрудентни мерки во согласност со овој закон и со секторските закони.

Во Предлог-законот се дефинира и дека финансиска криза е состојба во која нарушувањата во еден или повеќе сегменти на финансискиот систем или други состојби во економијата сериозно ја загрозуваат или можат да ја загрозат стабилноста на финансискиот систем и неговото нормално функционирање, додека пак  финансиска стабилност е состојба во која сите сегменти на финансискиот систем функционираат без нарушувања и имаат капацитет да издржат потенцијални шокови.

Утврден Предлог-законот за финансиска стабилност

Законот за Народната банка ќе се усогласува со Законот за финансиската стабилност

М.В