/ Прочитано:

978

(ФОТО) Академик ги одржа студентските обуки посветени на работните односи

Академик ги одржа студентските  обуките од областа на работните односи, на кои предавач беше адвокатот Јане Илијески.

Студентите на обуката детално се запознаа со формата и содржината на договорот за вработување, со видовите договори за вработување, како и со договорот за вработување наспроти други договори за ангажирање лица.

На обуките се реализираше и практичен дел за составување договор за вработување, како и практичен дел за изработка на соодветен договор според конкретни дадени случаи.

Практичниот дел, истакнуваат студентите, всушност е најкорисниот дел од овие обуки. Откако предавачот имаше одлично предавање за сите најзначајни прашања за работните односи од аспект на договорите за вработување, ни даде задача да подготвуваме такви договори.

„Па така, некои студенти составуваа договор за вработување на определено или на неопределено време, договор за вработување со полно или со скратено работно време, договор за сезонска работа, договор за волонтерски стаж, договор за приправнички стаж, договор за дело или пак менаџерски договор“, велат студентите.

„Претходно, пред составувањето на овие договори имавме и практичен дел за составување на договор за вработување по конкретни насоки. Ја применивме методологијата на која ни укажа предавачот, но бевме и креативни, односно самите вметнавме договорни одредби во согласност со законот, а за кои сметавме дека се важни во конкретниот случај“, велат студентите.

„Обуката помина одлично, а студентите имаа одлични презентации на договорите. Беа многу креативни и договорите ги структурираа логично и во согласност со законските одредби, како и според практиките за составување на вакви договори. Овие обуки се од голема корист за студентите бидејќи за трудовото право, како комплексна материја, практичниот дел е еден од најважните елементи за квалитетна едукација“, вели предавачот Илијески.

„Повторно ќе дојдеме на обуките во организација на Академик. На нив многу може да се научи и може да се надгради теоретското знаење“, резимираат студентите кои учествуваа на обуката посветена на работните односи.

На 13 и 14 ноември (среда и четврток) Академик ќе одржи и обуки од областа на граѓанското право, на кои предавач ќе биде судијката Антоанета Димовска. Повеќе за обуките на следниот линк: Академик со нов циклус практични обуки за студенти.

10 години Академик