/ Прочитано:

935

(ФОТО) Бразилски адвокат е најверниот навивач на светот – 20 години купува продукти само со боите на бразилското знаме

Недела, 6 јули 2014 – Најверниот навивач на бразилската репрезентација, Нелсон Павиоти, очигледно е човек кој држи до својот збор. Овој бразилски адвокат пред дваесет години се заколнал дека ќе купува производи само со националните бои на Бразил доколку неговата земја го освои Светското првенство во фудбал.

Приказната започнува на Мундијалот во 1994 година, на кој Бразил ја чекал титулата од 1970 година. Во финалето Бразил одигра нерешено со Италија, па потоа во драматична атмосфера следуваа пенали.

Нацијата во голема возбуда го чекала резултатот од натпреварот, а адвокатот се заколнал дека ако неговата земја ја победи Италија во изведувањето на  пеналите и го освои првенството, до крајот на неговиот живот ќе купува производи со зелена, жолта и сина боја, кои впрочем се боите на бразилското знаме.

Бразил ја добива титулата, а адвокатот од тогаш веќе 20 години е опкружен и живее во својот жолто-зелен свет, купува таков мебел, облека, а и прехрамбени продукти во тие бои. Неговата адвокатска канцеларија, исто така, може да се „пофали“ со знаменосниот колорит.

Дури и кога конзумира  храна во друга боја, адвокатот најпрво според „пропис“ најпрво ја пребојува во боите од бразилското знаме. И неговата куќа исто така е декорирана во жолта и зелена боја. Во неговиот возен парк се наоѓаат и две „Буби“, специјално офарбани во функција на неговата фудбалска заклетва.

Тој и денес е верен навивач на бразилската репрезентација и за себе вели дека е само „човек кој држи до својот збор“.

(M.В)