(ФОТО) „Dreaming of a holiday?“ – Креативна порака за сонувачите во канцеларија
Среда, 6 август 2014 – Креативното решение и реклама „Folder pool“ е симболика на сонувањето за одмор и работата во канцеларија преточени низ фотографија која инспирира оригинална асоцијација.
Рекламата е креирана за потребите на туристичка агенција, а идејата е да се долови моментот кога „заглавени“ во некоја канцеларија мечтаеме за пауза, кога секоја ситница може да биде асоцијација за очекуваниот годишен одмор.
Креативното решение „Folder pool“ е на Светлана Цопиќ и Славиша Савиќ од Република Србија, а оригиналната и креативна реклама е добитник на златен медал на Europe’s Premier Creative Awards, меѓународно натпреварување за промоција на креативноста и највисоките стандарди од областа на дизајнот.
(М.В)