/ Прочитано:

3.048

(ФОТО) Новиот јавен обвинител на РМ Марко Зврлевски даде свечена заклетва

Четврток, 24 јануари 2013 –  Новиот јавен обвинител на РМ Марко Зврлевски денеска во Собранието, се заколна дека при вршењето на функцијата Јавен обвинител ќе работи согласно Уставот, законите и ратификуваните договори. Наследникот на Шврговски оптимист, истакна дека Јавното обинителството е подготвено да работи според новиот Закон за кривичната постапка.

„Пред претседателот на Собранието на Република Македонија дадов свечена изјава, заклетва дека при вршењето на функцијата јавен обвинител ќе постапувам само согласно Уставот, законот и ратификуваните договори и дека притоа ќе постапува непристрасно, совесно и стручно. Ваква заклетва имав дадено и во 2009 година и оттогаш наваму се трудев да ги почитувам овие правила и принципи и се надевам дека ќе продолжам во таквото постапување, изјави новиот државен обвинител  Марко Зврлески.

Подобрувањето на општествената положба на јавните обвинители и унапредување на работата на јавното обвинителство, се приоритетите на Зврлевски кој вети и зачестени средби со медиумите со цел брзо и непристрасно известување на јавноста и граѓаните.

Марко Зврлевски на оваа функција чиј мандат трае 6 години доаѓа од местото претседател на Вишото јавно обвинителство – Скопје.