(ФОТО) Правниот факултет „Јустинијан Први“ го одбележа Денот на човековите права
Денеска Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје по повод 10 декември – Меѓународниот ден на правата на човекот одржа свечена седница.
Поздравни обраќања на настанот имаа проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, и проф. д-р Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Јанкуловски и Коевски во своите обраќања го потенцираа значењето на Денот на човековите права, како и значењето на човековите права како столб на правната професија и правната наука.
На денешниот настан говореше и проф. д-р Боби Иванов од Колеџот за комуникации и информации при Универзитет во Кентаки. Предавањето на Иванов беше фокусирано на борбата против лажните вести.
На денешниот настан беше промовиран и Годишникот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во чест на проф. д-р Миодраг Мицајков. Годишникот го промовираше проф. д-р Каролина Ристова-Астеруд.
По промоцијата, следуваше настапот на овогодишниот најдобар оратор.На свечената седница беа доделени пофалници и благодарници, а имаше проекција и на филмот „Dying for Europe”.
М.В