/ Прочитано:

2.111

Јанева бара дополнително време за да се запознае со сите докази

(ФОТО) „ПУЧ“: Заев се појави во судница, но главната расправа се одложи по барање на Специјалното обвинителство

Судењето за случајот „Пуч“, каде четвртообвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска се одложи за 14 јануари по барање на Специјалното обвинителство со цел ова Обвинителство кое неодамна воспостави надлежност врз предметот, да се запознае со содржината на доказите.

zaev sud pucСудијката Љубинка Башевска информираше дека добила писмено известување од Специјалното обвинителство со кое е побарано одлагање на главната расправа со цел да извршат увид во доказите, но забележа дека некој од тимот обвинители можел да дојде на главна расправа и усно да го образложи барањето.

Во меѓувреме, од Специјалното обвинителство преку соопштение информираа дека барале одлагање од причина што е потребно целосно да бидат запознаени со содржината на доказите кои се доставени до Судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што им бил доставен.

Заев: Предметот да се отвори до крај!

Заев, како што претходно најави дека ќе дојде на рочиште кога предметот ќе го преземе Специјалното обвинителство, денеска за првпат се појави во судница. Главната расправа претходно, кога за предметот беше надлежно Обвинителството за организиран криминал, неколку пати беше одложувана поради неговото отсуство.zaev puc sudnica akademik

„Како што знаете, јавно соопштив дека на судско рочиште за конструираниот, монтираниот и веќе доведен до ниво на апсурдност случај „Пуч“ ќе се појавам штом ќе потпадне под надлежност на Специјалното обвинителство. Пред десетина дена, Специјалното јавно обвинителство не’ информира дека предметот „Пуч“е под негова надлежност. Денеска  се појавив на ова судење бидејќи стојам на зборoт“, изјави Заев.

Како што рече, не бара предметот да биде повлечен, туку да се истражи до крајот.

„Странски служби за шпионажа нема. Насилство врз премиерот е остварено? Предвремени избори се постигнати, постигната е и техничка влада. Тоа беа индикациите за насилства врз преставници на високи државни институции. Апсурден е целиот систем, бараме правда. Не барам предметот да падне, не барам да се повлече.. Барам да се отвори до крај, да се испишат учебници во Македонија – како не требало да се носи правдата во државата. Но, најважно од се’ е да се испрати пораката дека првдата е достижна во Македонија“, истакна тој.????????????????????????????????????

Според Заев, се’ уште не се исполнети целосно безбедносните услови за да ги предадат снимките на Специјалното обвинителство, покрај тоа што оттаму го соопштија спротивното.

„Само јас знам што треба за чување на тие материјали коишто 11 месеци сум ги чувал комплетно заради доверливоста на приватната природа на огромен број граѓани. Штом ќе имаме доволно информации дека се обезбедени условите тогаш ќе ги предадеме материјалите“, рече тој.

Кривична пријава против обвинителот и судијата на претходна постапка  во „Поткуп“

Во однос на случајот „Поткуп“, каде Заев се товари за примање поткуп  од 163.924 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, за кој стартот на судењето е закажно за 25 јануари, Заев обелодени дека поднел кривична пријава против надлежниот обвинител, како и против судијата на претходна постапка. Истовремено, како што посочи, ќе се појави на рочиштето, но очекува и овој предмет да биде преземен од Специјалното обвинителство.????????????????????????????????????

„Ја имам прифатено поканата за поткуп и на 25 јануари  ќе бидам овде. Истовремено сакам да обелоденам дека имам поднесено кривична пријава против јавниот обвинител којшто го води случајот, Владо Милошевски, како и судијата во предистражна постапка. Ве молам да се упатите за сите дејствија на поднесувањето на кривичната пријава – доставени се материјали од неовластено следење на комуникациите на Зоран Заев за да може да биде преземен предметот од Специјалното јавно обвинителство. Понатаму не коментирам“, рече Заев.