ФОТО: Пукање во центарот на Белград — убиен братот на Лука Бојовиќ
Понеделник, 29 април 2013 – Полициските информации говорат дека братот на Лука Бојовиќ, Никола е убиен од огнено оружје околу 7.05 минути на улицата „Царица Милица“ во центарот на Белград. Ранетиот подлегнал на повредите во белградскиот Ургентниот центар, пишуваат српските медиуми.
Неговиот брат, Лука заедно со сопругата Барбара, минатата година беа уапсени во Шпанија. Никола Бојовиќ во српската полиција е регистриран како една од личностите на врвот на криминалните групи на Земунскиот клан.
Српската полиција веќе излезе со првичната верзија за утрешното пукање во центарот на Белград. Никола Бојовиќ се наоѓал на тротоарот на улицата „Царица Милица“ точно пред бројот 11. Напаѓаќот му се доближил и пукал од огнено оружје во главата и стомакот. Откако паднал, убиецот испалил уште неколку куршуми во него. Портпаролот на српската итна медицинска помош, Нада Мацура соопшти дека Бојовиќ имал прострелни рани во главата, градниот кош, стомакот, подлактицата. Лекарите го затекнатнале без свест и со речиси незабележливо дишење. Префрлен е на оделението за реанимација во Ургентниот центар, каде починал од добиените повреди. Улицата беше затворена за сообраќај и на лице место надлежните екипи го утврдиле случајот, а на асфалтот биле видни трагови од крв.
Во ноември минатата година шпанската полиција уапси 25 дилери што го финансираат „Земунскиот клан“, меѓу ни братот и снаата на Никола Бојовиќ, Лука и Барбара Бојовиќ. Мрежата на дилери се осомничени дека ја финансираат српската мафијашката организација „Земунски клан“. Уапсените се исто така обвинети за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ што се случи во 2003 година. Лука Бојовиќ важи за актуелен шеф на „Земунскиот клан“.