11 февруари, 2013 14:20
paula
/ Прочитано:
ФОТО: Штипјанец фатен на камера како ограбува цркви
Понеделник, 11 февруари 2013 година – Штипјанец заработи кривична пријава бидејќи е под сомнение дека за 12 дена во Охрид и во неколку селски населби во регионот извршил кражби во 6 цркви. Според полицијата осомничениот најмил стан во Охрид, а ги обивал црквите со камен и со нож. Крадел сребрени пари, накит и пари оставени по сефовите, проценетата вредност на украдените работи изнесува 30.000 денари.
СВР Охрид против Т.Б.(43) од Штип, поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторени седум кривични дела „Тешка кражба“. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Според полицијата осомничениот, тешките кражби ги извршил во периодот од 27-ми јануари до 7-ми февруари во црквите „Св.Димитрија“ во селото Издеглавје, „Св. Петка“ во Мешеишта, „Св.Недела“ во Требеништа, „Св.Кирил и Методиj“ во Песочан, „Св.Димитрија“ и „Св.Богородица“ во Охрид.
Според првичните сознанија осомничениот кражбите ги вршел со употреба на камен, нож и друг алат со кои ги кршел катинарите и бравите. Во црквата „Св.Богородица“ во областа Каменско, се обидел со нож да ја отвори касата кај олтарот по што од крст одзел 20 сребрени пари. Истите, подоцна ги продал во златара во Скопје.