(ФОТО) Симулирани судења се одржаа во судницата на Правниот факултет при УГД
Студентите од правните факултети во Штип, Скопје, Тетово и Битола одржаа симулирани судења од натпреварувачки карактер. Симулираните судења се одржаа во судницата на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Првото место го освоија домаќините – студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Комисијата што ги оценуваше настапите на студентите беше составена од судии, јавни обвинители и адвокати, меѓу кои беше и обвинителката Фатиме Фетаи. Исто така, ментор на студентите беше судијата и професор Лазар Нанев.
Овој традиционален натпревар е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија и се одржува во рамки на настанот „Денови на симулирано судење“, во организација на Правниот факултет при УГД. Претходно, студентите на Правниот факултет одржаа симулирано судење на процес пред Европскиот суд за човекови права.
Натпревар по симулирано судење по третпат се одржа на Правниот факултет при УГД
М.В