/ Прочитано:

1.183

„Франс фудбал“: Катар со поткуп до СП 2022, претседателот на ФИФА најавува тужба

Среда, 30 јануари 2013 – Специлизираниот фудбалски магазин од Франција „Франс фудбал“ објави сторија на 20 страници каде објаснува дека Катар ги купил гласовите на ФИФА за да го добие светското првенство (СП) 2022 година. Спортскиот магазин тврди дека има документи за таканаречената измама „Катаргејт“, а првиот човек на ФИФА се заканува со тужба. 

Без никакви заобиколувања најпознатиот спортски магазин во светот директно го обвинува врвот на Светска фудбалска организација (ФИФА), Европската фудбалска организација (УЕФА) и Фудбалската федерација на Катар дека учествувале во „измамата“ која магазинот ја нарекува „Катаргејт“. 

На 20 страници се објавени документи и е опишана истрагата на магазинот која открива детали како наводно се купувани гласовите и на кој начин паднала одлуката, СП 2022 година да се одржи во Катар.

„Франс фудбал“ го обвинува УЕФА, кој според магазинот е главниот заговарач Катар да ја добие организацијата на Мундијалот. Како што стои, Платини признал дека бил на вечера со тогашниот претседател на Франција Никола Саркози и премиерот на Катар, а токму на таа вечер паднал договорот, Мундијалот 2022 година да се одржи во Катар.

Откако истрагата на магазинот се обелодини во јавноста се огласи Платини отфрлувајќи ги обвинувањата дека е вмешан во купопрадажбата на гласови за СПП 2022 година, нарекувајќи ги шпекулации информациите на спортскиот француски магазин.

„Во текот на вечерата Саркози ниту еднаш не побара од мене да гласам за Катар. Мојот избор да гласам за Катар не е дел од никаков договор меѓу Катар и Франција“. Гласав за оваа земја самостојно и при здрав разум, сакав да им дадеме шанса бидејќи никогаш не учествувала во организација на големи спортски настани“, тврди Платини.

Платини засега не ја отфрла можноста да поднесе тужба против „Франс Фудбал“ поради нарушување на неговиот интегритет.

Катар на 2 декември 2010 година беше избран за домаќин на Мундијалот 2022 година со добиени 14 од вкупно 22 гласови на извршниот одбро на ФИФА.  За првпат ФИФА одлучи Светското првенство во фудбал да се одржи на Блискиот исток. Во трката ги победи САД, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија.

Ова не првпат да се појават информации дека ФИФА ја продава организацијата на светските првенста во фудбал. Конкретно за СП 2022, во мај 2011 година медиумите објавуваа за корупција во ФИФА и ги покренаа прашањата околу легитимноста на Светското првенство да се одржи во Катар. Според Џек Ворнер, сус­пен­ди­ра­ни­от пот­пре­тсе­да­тел на ФИ­ФА му бил испратен имејл околу можноста дека Катар го „купил“ Светскиот куп 2022 преку измама од страна на Мохамед бин Хамам кој во тоа време беше претседател на Азиската фудбалска конфедерација. Подоцна обвинувањата беа отфрлени и немаше понатамоѓна истрага. Ворнер беше суспендиран откако Етичкиот комитет на ФИФА пронајде двајца челници, меѓу нив и Ворнер дека понудиле 40.000 долари за гласовите во изборот за претседател на ФИФА.