2 октомври, 2012 11:18
paula
/ Прочитано:
Франција шокирана: Карабатиќ го продал клубот за помалку од својата годишна плата
Вторник, 2 октомври 2012 – Не стивнуваат реакциите за апсењето на француската ракометарска ѕвезда Никола Карабатиќ кој ја шокираше француската и хрватската јавност, атмосферата од Франција ја пренесува хрватскиот „Јутарњи лист“. Меѓу уапсените е и неговиот брат Лука, нивните девојки, сегашни и поранешни играчи на клубот „Монпелје“.
Девојките на Карабатиќ признале дека се обложувале на пораз на „Монпелје“
Браќата Карабатиќ и нивните девојки во текот на неделава треба да стигнат во судот во Монпелје за да дадат исказ. Се очекува девојката на Лука, Џени Прајз која е ТВ водителка во француската телевизија „TNT NRJ12“, да го потврди својот исказ пред судот дека се обложила на поразот на „Монплеје“ по директива на своето момче. Девојката на Никола Карабатиќ, Гералдин Пилет наводно на поразот на „Монпелје“ се обложила со 1500 евра во некоја локална обложувалница. На сите ракометари им е продолжен притворот освен на тројцата играчи Мајкл Робин, Вид Кавтичник и Висем Хмам кој вчера вечер биле пуштени во домашен притвор. Во меѓувреме уапсен е Исам Теј, уште еден играч на „Монпелје“.
>> Девојката на Лука Карабатиќ признала: „Се обложив на поразот на Монпелје“
„Монпелје“: Клубот е поважен од браќата Карабатиќ
Избегнувајќи ја одговорноста на осомничените, од клубот сепак изјавиле дека клубот „Монпелје“ е поважен од браќата Карабатиќ и останатите играчи. Претседателот на ракометарниот клуб, Луј Николин не ја исклучува можноста дека во овој случај можеби се работи за најтешката казна во рамките на клубот, односно за раскинување на договорот со што би се пратила јасна порака до играчите и останатата спортска јавност дека нема место за лажење во спортот.
Како што наведуваат од „Јутарњи лист“ во овoј момент челниците на клубот сакаат да размислуваат само за иднината и како сега ослабени ќе ја извлечат сезоната. Сепак, утре ќе се игра закажаниот натпревар во Тулуз, а уапсените Карабатиќ и останатите ќе ги заменува подмладокот на клубот.
Влијанието на Карабатиќ „Монпелје“ е огромно
Влијанието на семејството Карабатиќ е огромно врз клубот „Монппелје“, а тоа може да се види и од фотографиите од клубот што ги објавуваат француските медиуми. Просторијата за официјалните прес конференции која се наоѓа во средината на зградата на „Монпелје“ го носи името Бранко Карабатиќ, нивниот татко кој важи за најславна ѕвезда на клубот.
Иако нивниот адвокат се уште тврди дека се невини, сепак според локалните француски медиуми, Браќата Карабатиќ веќе се осудени од француската јавност. На почетокот никој не веруваше, но како што поминува времето, изјавите на девојките, сведоците и нивното молчење се повеќе го зголемува сомнежот дека браќата го продале натпреварот. Во полициска станица исказ давал и еден сопственик на обложувалница кој изјавил дека за овој натпревар постоеле обложувања од по неколку илјади евра, па сето тоа му изгледало сомнително бидејќи такви големи суми се вртеле околу фудбалот, додека за ракомет ретко кој се обложувал.
Уапсените се осомничени дека го продале натпреварот што се одигра во мај оваа година кога „Монпелје “ неочекувано изгуби во гости од објективно познатиот лош клуб „Сесон Севињо“ и тоа во моментот кога веќе клубот го имаше осигурано епитетот „Првак“.
>> Уапсените ракометари Карабатиќ се бранат со молчење, им се заканува затворска казна до 5 години
Сопругите и девојките на играчите се обложувале секоја по 5000 евра поединечно, што според сегашните детали од истрагата, не заработиле вкупно повеќе од 200.000 евра.
„Па зарем клубот толку малку им значел што го продале за помалку од една нивна годишна плата“, се прашувал таксист од Монпелје“. Се обидел да објасни дека овде клубот се сака на друг начин за разлика од Париз затоа што градот Монпелје е многу помал, а клубот кој го носи името на градот ја пренел славата на ракометот во светот.