/ Прочитано:

790

Француската полиција изврши претрес во стан на шефицата на ММФ

Среда, 20 март 2013 – Француската полиција денеска извршила претрес во станот на директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, во рамки на истрагата за нејзината улога во случајот со исплатата на оштета на бизнисменот Бернар Тапи, јавуваат француските медиуми.

– Овој претрес ќе помогне за откривање на вистината, што ќе придонесе за ослободување на мојата клиентка од каква било кривична одговорност, изјавил адвокатот на Лагард, Ив Репил.

Како што информираат тамошните медиуми, полицијата проверува дали Лагард, во времето додека ја извршуваше должноста министер за финансии, го прекршила законот во врска со исплатата на 285 милиони евра отштета во арбитражната постапка со Тапи, кој беше приврзаник на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози.

Лагард, која е од редовите на партијата на Саркози – конзервативната Унија на народното движење (УМП), денеска е во Франкфурт, Германија, но демантира дека на било каков начин го прекршила законот.