ФЗО: Електронски барања за ослободување и рефундација на партиципација како и издавање на двојазични обрасци за користење на здравствени услуги во странство
Станува збор за следните три нови електронски услуги: Барање за добивање на решение за ослободување од партиципација по различни основи, барање за повраток на средства за повеќе наплатена партиципација и барање за издавање на двојазичен образец
Фондот за здравствено осигурување промовира три нови електронски услуги за правата кои се гарантирани врз основа на закон за осигурениците кои досега беа достапни само во хартиена форма, а од сега ќе можат да ги добијат поедноставно, побрзо и поефикасно по електронски пат.
Станува збор за следните три нови електронски услуги:
– Барање за добивање на решение за ослободување од партиципација по различни основи
– Барање за повраток на средства за повеќе наплатена партиципација
– Барање за издавање на двојазичен образец
На веб страната на Фонодот, www.fzo.org.mk новите услуги се подетално објаснети.
За користење на овие услуги, осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ (да има сопствен профил на порталот), да има компјутер со интернет пристап, како и читач и електронска здравствена картичка.