/ Прочитано:

4.260

(ГАЛЕРИЈА) Новиот Центар за обуки на Академик

Поаѓајќи од своите заложби за континуирано подигање на нивото на својата понуда кон клиентите, Академик го отвори својот нов Центар за обуки.

Во Центарот за обуки на Академик ќе се одржуваат обуки, семинари, советувања, работилници и едукативни настани од областа на правото, хотелиерството, бизнисот, но и презентации, прес-конференции и настани кои бараат високо ниво на организација и технолошка подготвеност.

Врвната техничка опременост, ултрабрзиот интернет, организацијата на просторот и пријатната атмосфера на новите простории на Центарот за обуки на Академик му го даваат епитетот на најсовремен тренинг центар во главниот град на Македонија.

Центарот за обуки поседува две модерни училници со вкупен капацитет од 80 места, како и две конференциски сали и дваесет работни станици опремени со сите потребни технолошки алатки за брз пристап на интернет и друг тип комуникација. Центарот за обуки на Академик се наоѓа во центарот на Скопје, на булеварот ВМРО, број 1.