/ Прочитано:

2.351

Гаранцијата на Зоран Заев за унитарноста на Република Македонија

При доделувањето на мандатот за формирање на новата Влада, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз ги искажа и бараните гаранции од страна на претседателот на РМ за доделување на мандатот.

„Во име на формираното парламентарно мнозинство, ја давам следнава изјава: прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кои би биле спротивни на погоренаведените ставови не може да бидат услов ниту основ за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија“, изјави Зоран Заев.

Иванов му го додели мандатот на Заев кој ги гарантираше унитарноста на државата и владеењето на правото

М.В