/ Прочитано:

848

Германија, САД и Италија најуспешни во процесуирањето на нацистичките воени злосторства

Петок, 25 јануари 2013 година – Германија, Италија и САД се рангирани како најуспешни земји за минатата година во истрагата и процесуирањето на нацистичките воени злосторства според годишниот извештај на Симон Визентал, Центарот за заштита на еврејските човекови права. 

Симон Визентал, Центарот за заштита на еврејските човековви права со седиште во Лос Ангелес

Според годишниот извештај на Симон Визентал кој го опфаќа периодот од април 2011 година до март 2012 година е регистрирано петкратно зголемување на обвиненијата споредено со претходниот извештај каде биле подигнати само де обвиненија. За минатата година од вкупно десет обвиненија, 9 се подигнати во Италија, а едно во Германија. 

Од почетокот на април мината година, покренати се 1.138 истраги, а во нив спаѓаат и првичните сослушувања. Истрагите спроведени во 10 држави, најголемиот број од 528 истраги се во Германија додека во Полска биле направени 458, а во САД 74 истраги.

Предмет на истражување биле 42 земји, од нив на 11 земји оваа година добиле намалени оценки, а меѓу нив спаѓаат Австралија, Австрија, Канада, Естонија и Украина. За овие земји во извештајот стои дека имаат недостаток од покренати обвиненија или изречени пресуди против одговорните за нацистичките злосторства.

Центарот Симон Визентал со годишниот извештај опфатил дел од Балканот. Станува збор за Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.