/ Прочитано:

2.179

Германските градови може да воведуваат забрана за дизел-возила, одлучи Сојузниот управен суд во Лајпциг

Сојузниот управен суд во Лајпциг донесе одлука според која  германските градови може да воведуваат забрана за дизел-возила. Можноста за воведување на забрана за движење на возила со дизел-мотори е од еколошки карактер и има цел намалување на штетните честички и гасови во германските градови.

Според Судот во Лајпциг, забранaта има правна основа и нема правни пречки за нејзино воведување. Сепак, Судот посочува дека забраната останува последно средство во остварување на целта за постигнување на дозволена концентрација на штетни честички.

Исто така, Судот образложува дека градовите етапно мора да ја воведат одлуката за забрана за движење на возила со дизел-мотори преку преодни рокови и во фази, па така некаде нема да биде можно воведување забрана пред 1 септември 2018 година.

Одлуката на Управниот суд значи и отфрлање на жалбата на сојузните покраини Баден Вуртемберг и Северна Рајна Вестфалија, каде што управните судови одлучија градовите Штутгарт и Диселдорф да може да забранат управување возила со таков вид мотори.

М.В