/ Прочитано:

769

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење

Главниот координативен кризен штаб ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

– забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот;

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година  (среда).