/ Прочитано:

1.254

„ГЛОБАЛ ВИТНЕС“: Кога адвокатите го заобиколуваат законот

Според зборовите на истражувачите од организацијата, 12 од 13 адвокати им предложиле разни начини како тајно да се префрлат тие пари. Некои од адвокатите дури ги понудиле и сопствените банкарски сметки, имајќи предвид дека според домашните закони банките не се обврзани да знаат кои се нивни клиенти.

new york

Организацијата „Глобал витнес“ неодамна објавила снимки на коишто неколку адвокати од Њујорк ги советуваат клиентите да ги префрлат своите пари со сомнително потекло во САД. Тие снимки покажале дека поголем дел од адвокатите воопшто не давале правна помош, туку барале начин како да го изиграат правниот систем на државата.

Како што објавува српскиот весник „Политика“, тајната акција на оваа непрофитна организација, која се залага за строги правила кога е во прашање перењето пари, била изведена во 2014 година. Лицата од „Глобал витнес“ оствариле контакт со њујоршките адвокати на кои им се претставиле дека работат за министер од Африка кој, со парите што ги добил од неколку компании кои сакале да инвестираат во неговата држава, сакал да купи недвижности во Њујорк, авион и јахта.

Според зборовите на истражувачите од организацијата, 12 од 13 адвокати им предложиле разни начини како тајно да се префрлат тие пари. Некои од адвокатите дури ги понудиле и сопствените банкарски сметки, имајќи предвид дека според домашните закони банките не се обврзани да знаат кои се нивни клиенти.

Дали овде станува збор за адвокати кои го кршат законот или за недоволно добри прописи преку кои постои можност за злоупотреба и изигрување на правото?

За жал, ова е прашање за кое сè уште нема едноставен одговор.

Видеото можете да го погледнете на следниов линк.