Глобите за непочитување на должноста за носење лична заштита на лицето
Официјално е објавена Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот Covid-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба. Во уредбата се предвидуваат глоби за физичките и правните лица за непочитување на должноста за обезбедување и носење на лична заштита. Во Уредбата се пропишуваат глоби од 20 до 2000 евра за непочитување на пропишаните должности. Уредбата во целост:
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НОСЕЊЕ ЛИЧНА ЗАШТИТА НА ЛИЦЕТО ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО, СУЗБИВАЊЕ НА ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19 И ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Член 1
Со оваа уредба со законска сила се уредува носењето лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението, како и надзорот над спроведувањето на носењето лична заштита на лицето, за време на траењето на вонредната состојба.
Член 2
Секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).
Под лична заштита на лицето од ставот 1 на овој член, се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
По исклучок од ставот 1 на овој член, секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија, може да не ја носи личната заштита на лицето, ако:
– носи посебна лична заштита на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи,
– престојува во двор на станбена семејна куќа,
– вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности,
– патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство или
– се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице.
Член 3
Сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема од член 2 од оваа уредба со законска сила.
Член 4
Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат вршат надзор над спроведувањето на одредбите од оваа уредба со законска сила, секој во однос на одредбите од оваа уредба со законска сила, за прашањата за кои тие се надлежни согласно закон.
Член 5
Во случај на прекршување на одредбите од членовите 2 и 3 од оваа уредба со законска сила, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 април 2020 година, надлежните органи од член 4 од оваа уредба со законска сила, ќе изрекуваат писмени опомени.
Член 6
Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од член 2 од оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 2000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.
Член 7
Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба, како и до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската Здравствена Организација.
Член 8
Оваа уредба со законска сила влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот
Донесени одлуки за намалување на рестрикциите за движењето на граѓаните
„Фајнанс тинк“: Три четвртини од вработенитe и компаниите се погодени од економската криза
Предложени мерки за благо релаксирање на рестрикциите за движење
ЈО: Вкупно 25 лица обвинети за непочитување на здравствените прописи во Скопје
Нова одлука за постоење вонредна состојба за период од 30 дена
Нерегуларностите најстрого ќе се санкционираат, велат од Инспекцискиот совет
Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци
УЈП за Уредбата за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба
Владата на претседателот на државата ќе му достави извештај со нов предлог за вонредна состојба
Забрана за движење на сите граѓани од 16:00 часот во петок до 5:00 часот во вторник
Седница на КОМП: Намален понудениот износ на благајнички записи
Народната банка: Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно
Уредба за примена на Законот за здравственото осигурување за време на вонредна состојба
Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци
Владата објави дополнителни објаснувања за новите рестрикции
МТСП: Паричен надоместок за прекин на работниот однос
Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава
Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба
Објавена централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19
Министерството за финансии со повеќе сценарија за коронакризата
Се запира Законот за извршување до крајот на јуни
Нов пакет економски мерки за справување со кризата
Усвоена уредба за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба
Нови одлуки за заштита од коронавирусот
Спроведени 7633 инспекциски надзори
Апелациониот суд: Се одложуваат јавните седници и расправи
Народната банка: Денарот е и ќе остане стабилен
Известувања од судови и од други институции
Нови одлуки за заштита од коронавирусот: забрани и уредби
Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот
Новите одлуки во врска со заштитата од коронавирусот
Уредба за запирање на примената на Законот за извршување
Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди за родителите ослободени од работа
За четири дена спроведени над 11 илјади инспекциски надзори
Начин на предвремено плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2020 година
Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот
Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните
Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час
Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот
МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки
Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити
ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат
Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот
Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост
Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот
Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити
Филипче: Што значи вонредна состојба?
При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила
УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата
Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба
Уставните одредби за вонредната состојба
Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети
Владата: Вонредна состојба веднаш
Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите
Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните
МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи
Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс
Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот
Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта
Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи
Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек
Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна
Замрзнати цените на основните продукти
Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот
Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот
Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување
Одложување на мартовската уписна сесија
Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки
Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем
Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво
Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа
Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот
Најнова листа на земји со среден и висок ризик
Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно
Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот
Катастарот со променето работно време
МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата
„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата
Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти
Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот
Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот
Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В