/ Прочитано:

1.387

Годишен извештај на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

Во текот на 2017 година Државната комисија примила вкупно 3.170 предмети се вели во Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2017 година кој е доставен во Собранието на РМ.

Од вкупниот број предмети кои се примени во 2017 година, Државната комисија решила 2.078 предмети, а воедно во 2017 година решила и 825 предмети од 2016 година или решени се вкупно 2.903 предмети. Oд предметите кои се примени во 2017 година, нерешени се 1.092 предмети.

Предметите кои се примени во Државната комисија во смисла на членот 6 од Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка се делат на: предмети по жалби изјавени против решенија на првостепените органи (решенија донесени во прв степен во инспекциска постапка и одлуки за прекршок што се донесени од прекршочен орган, кога со закон е пропишано да одлучува во прекршочна постапка) и предмети за кои е покренат управен спор (одбиени и прифатени предмети).

Управносудска заштита во предметите на Државната комисија

Во општиот дел од овој извештај опишана е надлежноста на Државната комисија да решава по жалби против решенија донесени во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, како и по пресуди на Управниот суд.

Имено во членот 11 од Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, предвиден е управен спор пред надлежен суд, односно пред Управниот суд.

Во таа смисла, во однос на решенијата на Државната комисија, во Извештајот се  истакнува Државната комисија заклучно со 31.12.2017 година евидентирала вкупно 209 поведени управни спора, против решенијата на Државната комисија донесени во 2017 година, од кои 42 управни спора по предмети од областа на инспекцискиот надзор, додека 167 управни спора по предмети од областа на прекршочната постапка.

Управниот суд во однос на поднесените тужби по второстепените решенија на Државната комисија од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка постапила на следниот начин: уважила 27 тужби, одбила 54 тужби и отфрлила 4 тужби.

M.В