/ Прочитано:

694

Годишен извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки е на разгледување во Собранието.

„Државната комисија за жалби по јавни набавки согласно Законот за јавните набавки е државен орган кој е надлежен за решавање по жалби во постапките за доделување на договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство, жалби во постапките за доделување на договори за јавни набавки
во областа на одбраната и безбедноста, како и други работи согласно со закон.

Годишниот извештај на Државната комисија ги сублимира резултатите од извршените контроли на постапките за доделување на договори за јавни набавки, концесии и јавно – приватно партнерство, а кои Државната комисија ги врши исклучиво во случаите кога има изјавено жалба. Целта на постоењето на

Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки, во постапките за доделување на договори за концесии и за јавно приватно партнерство, како и во постапките за доделување на договори за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста.

Приоритет на Државната комисија за натамошниот период и понатаму останува решавање на жалбите во постапките за доделување на договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство, како ијавните набавки во областа на одбраната и безбедноста во законските рокови на квалитетен и транспарентен начин; зајакнување, развој и одржување на човечките ресурси; надградба и одржување на воспоставената веб – страна базирана на информации за секој дневната работа на Државната комисија и нејзината правна пракса во полето на јавните набавки, јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, концесиите и јавно приватно партнерство и базата на податоци; Учество во процесот на постојана обука и стручно усовршување на сите инволвирани страни во постапките за доделување договори за јавни набавки ; Учество во подобрувањето на правната рамка кој го уредува системот за јавни набавки во Република Северна Македонија; Ресертификација на ИСО стандарди за квалитет 9001:2015 и развој, одржување и надградување на електронската архива во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и воведување на електронски систем за управување и водење на целокупната жалбена постапка пред Државната комисија“, се вели во Извештајот.

М.В