Годишен извештај на Комората на извршители

Во 2018 година, бројот на вкупно примени барања за извршување во извршителските канцеларии изнесува 112.250 барања, додека пак завршени се 62.515 предмети, се вели во Годишниот извештај на Комората на извршители.

„Вкупниот износ на наплатени средства од извршување кои извршителите го наплатиле во 2018 година изнесува 126.966.895,41 евра. Најголем процент на реализирани извршни исправи е подрачјето на Основен суд Штип и Основен суд Свети Николе со 21,12% додека пак подрачје на кое има најмала реализација на извршни исправи во однос на примените барања за извршување во тековната година е подрачјето на Основен суд Велес, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кавадарци и Основен суд Неготино 5,81 %“, се нотира во извештајот.

Според податоците од оваа извештајна година, во поглед на висина на наплатени средства за доверителите, извршителите од подрачјето на основните судови Скопје 1 Скопје и Скопје 2 Скопје имаат најмногу наплатено парични средства, и тоа во висина од 4.523.270.925,00 денари додека пак најмалку наплатени парични средства има кај извршителите на подрачјето на Основниот суд Кочани, Основниот суд Берово, Основниот суд Виница и Основниот суд Делчево износ од 150.984.479,00 денари.

Споредбено по години, бројот на реализирани извршни исправи од страна на извршителите продолжува да расте, во 2018 година реализирани се вкупно 62.515 извршни исправи.

Структура на наплатени средства според доверители

Врз основа на добиените податоци од кварталните извештаи за 2018 година, според структурата на доверителите, извршителите во полза на државата наплатиле вкупен износ од 2.328.251,66 евра. Воедно, во истиот период, назад во стопанството се влезени вкупно 103.125.859,93 евра, благодарение на реализацијата од страна на извршителите во РМ, додека пак во полза на физичките лица доверители реализирани се 22.406.666,46 евра.

Структура на наплатени средства според должници

Според структурата на должниците, извршителите во 2018 година наплатиле најмногу парични средства од должници правни лица, поточно 78.778.108,46 евра, потоа од физички лица износ од 33.432.971,41 евра и крајно од Република Македонија износ од 15.946.914,89 евра.

„Комората направи анализа на податоците, врз основа на доставените квартални извештаи од извршителите според основот на побарувањето за кое е поднесено барање за извршување. Бројот на поднесени барања за реализирање на непарични побарувања во извештајната 2018 година е вкупно 14 барања за извршување, со што непаричните побарувања продолжуваат да бидат во постојан пад“, се вели во извештајот, кој во целост може да се преземе на следниот  линк.

М.В