/ Прочитано:

2.184

Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Во текот на 2016 година, до Државната комисија се примени и оформени вкупно 4.883 предмети, се вели во Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2016 година.

Од предметите што се примени и оформени во 2016 година, Државната комисија постапила по 4.092 предмети. Вклучително и со предмети од други години, Државната комисија во 2016 година постапила по вкупно 5.517 предмети. Од предметите што се примени и оформени во 2016 година, Државната комисија не постапила, односно останале нерешени вкупно 791 предмет.

 Државната комисија во текот на 2016 година постапила по вкупно 1.776 предмети од областа на пензиското и инвалидското осигурување,  8 предмети од областа на социјалната политика, 843 предмети од областа на образованието, науката и културата, 448 предмети од областа на внатрешните работи и граѓанскиот сектор, 1.049 предмети од областа на имотно-правните работи, 22 предмети од областа на катастар, 158 предмети од областа на денационализација, 200 предмети од областа на транспорт и врски, 44 предмети од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството, ветеринарството и заштитата на животната средина, 90 предмети од областа на економијата и финансиите, 455 предмети од областа на работните односи за вработени со посебни овластувања, 395 предмети од областа на работните односи за вработените за кои се применува општото трудово законодавство и вработените во Агенцијата за администрација и 29 предмети од областа на инспекцискиот надзор.

Во член 10 од Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, обезбедена е судска заштита против решенијата на Државната комисија, пред управниот, односно надлежниот редовен суд.

Во таа смисла, во однос на решенијата на Државната комисија, во овој дел истакнуваме дека според евиденцијата на Државната комисија, поведени се вкупно 459 управни спорови, против решенијата на Државната комисија донесени во 2016 година.

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работеноднос во втор степен е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.

Државната комисија исто така е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен од Комисијата за хартии од вредност. Таа е надлежна да одлучува и за прашања од областа на работните односи во втор степен (кои не се во надлежност на Агенцијата за администрација), за прашања од областа на работните односи за државните службеници од Агенцијата за администрација, како и против решенијата на Министерството за внатрешни работи со кои се поништени решенијата за доделување на награди.

M.В