30 мај, 2013 07:22
paula
/ Прочитано:
Годишна средба на македонските правници во Охрид
Четврток, 30 мај 2013 – Во организација на Здружението на правници денеска и утре во Охрид ќе се одржи 68-та годишна Средба на правниците посветена на темата „Отворени правни прашања од имотноправната, деловноправната и трудовоправната област“.
На средбата ќе се дебатира за донесените и предложените закони од почетокот на годинава и за перспективите за нивна примена. Ќе бидат презентирани теми од областа на имотноправната, деловноправната и трудоправната област.