/ Прочитано:

551

Годишниот извештај на Народниот правобранител пред Комисијата за политички систем

Многу е тешко да се зборува за човековите слободи и права во услови на пандемија, кога животот на милијарди луѓе им се смени, а државите се соочија со невидени проблеми во сите сегменти од живеењето, истакнува Народниот правобранител во извештајот.

„Исклучок од ова не беше ниту нашата држава, која првиот квартал од годината го започна со живот во вонредна состојба, која самата по себе повлекуваше ограничување на одредени права на граѓаните. Сепак, ваквата одлука беше во правец на заштита на здравјето на населението, кое во услови на пандемија е приоритет. Состојбите со пандемијата се одразија врз работата на институцијата Народен правобранител, како во поглед на бројот на примените претставки така и во поглед на сите останати активности, како на домашен така и на меѓународен план. Во оваа смисла, изостана спроведувањето на планираните кампањи, промоции, конференции, истражувања. Со оглед на фактот што самата вонредна состојба носеше ризици за повреди на човековите слободи и права, Народниот правобранител веднаш по нејзиното прогласување до надлежните институции упати неколку препораки, пред сè, за ранливите категории лица – децата, лицата со попреченост и лицата лишени од слобода. Целта на овие препораки беше да се укаже дека при евентуалното носење на какви било одлуки мора да се внимава со нив да не се прекршуваат слободите и правата. Во оваа насока е и изјавата на генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации, Антонио Гутереш, кој предупреди дека пандемијата го отвори патот на економската и социјалната криза и дека забрзано се претвора во криза на човековите права. Тој во својата изјава потенцираше дека во време на пандемија се намали почитувањето на човековите права и ги повика владите да бидат транспарентни и чувствителни како никогаш претходно и да водат сметка сите воведени вонредни мерки и вонредната состојба да бидат умерени, недискриминирачки и да имаат и цел и временска рамка“, посочува Народниот правобранител во извештајот.

Голем број граѓани, меѓу кои и полициски службеници, се жалеле на мобинг до Народниот правобранител

Народниот правобранител го презентираше извештајот за човековите права

Адвокат побарал помош од Народниот правобранител за исплата на надоместокот како бранител

Народниот правобранител во врска со предмети за адвокатите

Во делот на судството, граѓаните кај Народниот правобранител најмногу се жалеле за одложувањето на рочиштата

М.В