/ Прочитано:

1.033

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет во собраниска процедура

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет е во собраниска процедура. Во наредниот период, како и досега, се вели во извештајот, Советот пред сè ќе биде фокусиран на зголемување на ефикасноста на судовите преку понатамошно јакнење на институционалните и административните капацитети, преку зголемена примена на информатичките технологии и преку пристапи и методологии во работата докажани во праксата, како и преку уедначување на судската практика и унапредување на соработката и контролата на повисоките со пониските судови.

Исто така, се вели понатаму во извештајот, во наредниот период акцентот ќе биде ставен и кон активности за јакнење на довербата на јавноста во судството преку зголемена транспарентност и активности за информирање на заинтересираните страни.

Понатаму, приоритетите на Советот ќе се однесуваат и на обезбедување и гарантирање на независноста на судството во Република Северна Македонија преку унапредување на процедурите за избор и унапредување на судиите, оценување на нивната работа, и на системот за утврдување на одговорност на судиите, како и преку подобрување на материјално-финансиската состојба на судовите, судиите и судската администрација.

Советот и во иднина ќе се грижи за остварување на следните приоритетни активности:

  • Доследна примена и постапување по одредбите од донесената законска регулатива;
  • Следење на состојбите во судството и поднесување предлози за подобрување;
  • Следење на работата на судиите и претседателите на судовите;
  • Континуирано следење на примената на законите и поднесување иницијативи за изменување и дополнување на законската регулатива;
  • Унапредување на соработката на институциите на судска власт со другите чинители во земјата и светот;
  • Унапредување на транспарентноста и отчетноста во работата на Советот;
  • Афирмација на местото, улогата и надлежноста на Советот на домашно и меѓународно ниво;
  • Јакнење на институционалните и административни капацитети на институциите на судската власт;
  • Унапредување на примената на ИКТ во судството;
  • Подготовка на периодични и годишни извештаи;
  • Презентација на резултатите од работата во јавноста и активности за подобрување на угледот на судската власт;
  • Ефикасно и економично извршување на судскиот буџет;
  • Подобрување на капацитетите на судството за планирање и спроведување на програми поддржани од билатерални и мултилатерални донатори;
  • Подобрување на системот за избор, оценување, унапредување и разрешување на судиите;
  • Поддршка на судиите во ситуации кога е загрозен интегритетот при вршењето нивната функција;
  • Унапредување на стручноста и вештините на судиите и судската администрација и
  • Континуирано подобрување на процесите и на системот за квалитет согласно Стандардот ИСО 9001:2015.

Натамошното јакнење на независноста и зголемувањето на ефикасноста на судскиот систем беа и ќе продолжат да бидат клучни сегменти на кои Советот ќе ја темели својата активност.

„Тргнувајќи од потребата за постоење на законски гаранции за фер судски постапки, како и цврста правна рамка и конзистентни институции за да се зајакне една доследна политика за заштита и одвраќање од корупција, натамошното подобрување на судскиот систем е од најголемо значење.

Советот  во следниот период ќе презема мерки и активности за доследна примена на Амандманот VI  на Уставот на Република Северна Македонија за  соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во сите судови во РСМ.

Советот, секојдневно, преку остварување на своите функции, ќе продолжи да го заштитува, но и да обезбедува независно, непристрасно, професионално, стручно, ефикасно, ефективно, отчетно и транспарентно судство, засновано на општоприфатените стандарди за владеење на правото со доследна примена на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори“, се посочува во извештајот.

Препораките во извештајот на Судскиот совет

„Судството, како една од трите власти во Република Македонија, има потреба од зголемување на независноста во располагање на средства од судскиот буџет, во чии рамки особено значајна е работата на Судскиот буџетски совет (СБС). Во наредниот период се очекува да се обезбеди задоволително ниво на судскиот буџет за непречено извршување на функциите на институциите на судската власт во Република Северна Македонија, во согласност со одредбите од Законот за судскиот буџетски совет.

Се наметнува и потребата од поактивно учество на претставници од судската власт во креирање на законските прописи кои се применуваат во судството. Во следниот период се очекува да се унапреди соработката на институциите на судска власт со другите чинители во општеството и со сродните институции во земјите на регионот и пошироко.

Обезбедување на функционалност на Одделението за статистика и аналитика на судовите со пополнување на работните места согласно Правилникот за систематизација на работните места во Судскиот совет на Република Северна Македонија преку  нови вработувања во стручната служба на Советот, како и адаптирање и реновирање на просторот на Советот каде што треба да биде сместен  Центарот за  информациско- комуникациска технологија, аналитика и статистика, бидејќи Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022 предвидува зајакнување на капацитетите на Советот.

Иницирање на постапка за донесување на  измени и дополнување на Законот за плата на судиите, каде што платата и додатоците на плата ќе бидат утврдени соодветно на значењето и угледот на судската функција, тежината на работата и одговорноста.

Иницирање на постапка за донесување на посебен закон за вработените во судската власт со кој ќе се регулира статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособување, мерењето на ефектот и други прашања во врска со работниот однос, вклучувајќи ги вработените во Советот, Академијата за судии и јавни обвинители, како и помошно-техничкиот персонал.  Потребата од донесувањето на ваков закон произлегува од поделбата на власта, која е регулирана со Уставот на Република Северна Македонија: Во посебната глава ‘Судство’ е наведено дека судската власт ја вршат судовите. Во истата глава во членот 104 од Уставот на РСМ е регулиран составот и мандатот на членовите и надлежноста на Судскиот совет на РСМ.“

Судијата Киро Здравев нов претседател на Судскиот совет

Институтот за човекови права во врска со Мислењето на Венецијанската комисија за Предлог-законот за Судскиот совет

Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

Прифатен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022

Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите

Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања

Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците

Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

Според министерката за правда 2019 година ќе биде година на реформи во правдата

Клучните измени на Законот за судовите

Новиот Закон за управни спорови со европско знаменце предложен во Собранието на РМ

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС 

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

На седницата на Советот за реформи адвокатите ги истакнаа своите предлози за измените на Законот за судовите

И поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд ќе бидат членови на Судскиот совет, според предложените законски измени

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: И уставен судија и судија на меѓународен суд да може да бидат директори на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В