/ Прочитано:

1.972

Годишните извештаи на Народниот правобранител да станат дел од стручната литература на правните факултети

Човековите права и слободи се динамична категорија, но во исто време и многу ранлива категорија, затоа, вели претседателот на Собранието на РМ, би било фарса ако заштитата на човековите права ја сведеме само на институцијата Народен правобранител.

„Надзорната функција на Собранието треба да биде искористена во функција на поголема заштита на човековите права. Собранието, кое го избира народниот правобранител и кое секоја година го разгледува и го усвојува извештајот за работата на народниот правобранител, токму преку тие извештаи може да ја насочи својата надзорна улога во функција на заштита и остварување на човековите права. Мислам дека би било добро ако тие извештаи, по усвојувањето во Собранието, станат еден вид прирачник во работењето на секоја државна институција, без разлика дали станува збор за извршната или судската власт. Понатаму, овие извештаи, според мене, би требало да станат и дел од стручната литература на факултетите за правни и политички науки“, истакна претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, на денешниот 20-годишен јубилеј на институцијата Народен правобранител на Република Македонија.

М.В