/ Прочитано:

2.107

Годишно обраќање на претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во рамките на 73. собраниска седница ќе има традиционално годишно обраќање пред  Собранието на РМ и пред јавноста.

Според Уставот и законите, Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од  неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Ова е последно годишно обраќање на Иванов како претседател на РМ бидејќи неговиот мандат завршува оваа пролет.

Според Уставот, Иванов нема право да се кандидира на следните претседателски избори. Претседателот на Републиката, се пропишува во Уставот, се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.

„Претседателот на Република Македонија ја претставува Републиката. Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македонија. Претседателот на Републиката своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите“, се пропишува во Уставот на РМ.

Повикувајќи се на своите уставни надлежности, Иванов не ги потпиша законите во врска со Договорот од Преспа и употребата на јазиците. Тој нагласи дека нема мандат за потпис на Договорот од Преспа бидејќи, како што образложи,  не прифаќа идеи или предлози кои би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.

Во врска со Законот за употреба на јазиците, Иванов рече дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на указ за прогласување на неправеден и репресивен закон.

Кон крајот на месец октомври Обвинителството соопшти дека постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов, кои се однесуваат на непотпишувањето на Законот за јазиците и на Договорот од Преспа.

Минатата недела Иванов го потпиша Законот за амнестија на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април.

Законот за амнестија влезе во сила потпишан од Иванов и критикуван од експертите

Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

ИВАНОВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон

М.В