/ Прочитано:

1.140

Голем број граѓани, меѓу кои и полициски службеници, се жалеле на мобинг до Народниот правобранител

Голем број граѓани се жалеле до Народниот правобранител за вознемирување на работното место. Претставките за дискриминација во областа на работните односи по основ на вознемирување на работното место (мобинг),  посочува Народниот правобранител, во најголем број се поднесени од полициски службеници вработени во Министерството за внатрешни работи, во кои се укажуваше на повреда на права поради незаконското прераспоредување со наредби и неосновано поведување на дисциплински постапки.

„Народниот правобранител за секој од овие предмети постапуваше со цел испитување на наводите и правилно и целосно утврдување на фактичката состојба и по предметите во кои констатираше дека постои повреда на правата на подносителите достави укажување или препораки за надминување на констатираните повреди, што во многу мал број случаи се земени предвид од страна на раководителите кон кои биле упатени, поради што, поради искористување на законските можности, граѓаните се советуваа своите права да ги остварат пред надлежните судови.

Во таа насока, по иницирање на постапка пред надлежен суд, Народниот правобранител продолжуваше да го мониторира постапувањето и констатација е дека надлежните граѓански судови пред кои се водат постапките за заштита од вознемирување на работното место или тужби по одреден основ на дискриминација постапуваат бавно по овие предмети, иако тие имаат степен на итност, во согласност со постојната законска регулатива“, образложува Народниот правобранител.

Народниот правобранител во Годишниот извештај истакнува дека е потребно да се пристапи кон измена на Законот за заштита од вознемирување на работното место со прецизирање на надлежностите на Државниот инспекторат за труд во делот на превенција, заштита и санкционирање од мобинг, како и воведување на задолжителни обуки на сите нивоа во јавниот сектор во насока на сузбивање на мобингот.

Народниот правобранител го презентираше извештајот за човековите права

ССМ: Работодавачите и Владата да го спречат вознемирувањето на жените на работа

Младите правници: Врховниот суд утврди психичко вознемирување на работното место (мобинг)

Зголемен бројот на поплаки на граѓаните за вознемирување на работно место и за заштита на правата од работен однос

ГРАЃАНСКИОТ СУД ДОНЕСЕ ДВЕ ПРЕСУДИ КОИ УТВРДУВААТ ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Стравот, заканите и понижувањето како методи за управување со вработените

ДОНЕСЕНА Е ПРЕСУДА ЗА МОБИНГ ВО МАКЕДОНИЈА: се создава судска пракса која охрабрува, вели адвокатот Петро Јанура

М.В