Голем интерес за обуката на Академик посветена на новиот Закон за инспекциски надзор
Академик одржа обука за новиот Закон за инспекциски надзор и подзаконските акти.
На обуката, пред големиот број учесници, детално се говореше за законските новини, со посебен акцент на начинот за правилна примена на Законот за инспекциски надзор и новодонесените подзаконски акти.
На обуката, во таа насока, беа обработени сите важни елементи на Законот и новините што се воведуваат со подзаконските акти, како што се: начинот за подготовка на месечен и годишен план за работа; проценката на ризик, како нов начин на планирање на работа на инспекциските служби (кога се прави, што вклучува, како се врши, кои се основите за проценка); листата за проверка, како задолжителен чекор при спроведување редовен инспекциски надзор; начинот и постапките на вршење на инспекцискиот надзор и одговорноста и наградата на инспекторот.
Со новиот Закон за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби; се воведува проценката на ризик, како нов начин на планирање на работа на инспекциските служби; конкретно се уредени правата и обврските на инспекторот, формата и содржината на месечните и годишните планови за работа, а воедно утврдена е превентивната улога на инспекцискиот надзор преку воведување на опомената како задолжителен чекор пред изрекување казна.
„Предавачките беа одлично подготвени и одлично го пренесоа своето знаење, со што целта на обуката беше исполнета“.
„Организацијата на обуката беше одлична“.
„Голема благодарност до Академик за запознавањето со новиот Закон за инспекциски надзор. Потребни се повеќе обука на оваа тема, со коментирање на проблемите со кои се соочуваме во праксата“.
„Време исполнето со корисни дискусии и со многу објаснувања“.