Голем интерес за обуката на Академик за најновите измени на Законот за катастар на недвижности

Пред голем број учесници, Академик одржа обука за најновите измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности и на подзаконските акти. Предавачи на обуката беа Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, и државни советници од Агенцијата.

На обуката детално се разработија измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности и измените во подзаконските акти.

Посебен фокус беше ставен на: новите надлежности на Катастарот, вршењето геодетски работи, постапките за предбележување и прибележувањe, запишувањето на правата на недвижностите со незапишани права, ажурирањето податоци, новиот регистар за преземени недвижности наменети за продажба, новите правилници, и на редица други прашања што се однесуваат на законските новини и практичното работење.

Учесниците на обуката добија сеопфатни, прецизни и јасни  насоки за тоа како да се инкорпорираат новините во тековните постапки, како и за тоа кои и какви дејствија треба да бидат преземени од субјектите за понатамошна правилна примена на Законот и на подзаконските акти.

„Презадоволни сме од обуката. Сѐ беше добро објаснето и поткрепено со практични примери. Предавачите имаа одлични предавања, а одлична беше и организацијата на обуката. И во иднина би сакале да бидеме дел од ваквите обуки, кои за нас се многу корисни“, велат учесниците на обуката.

„Одлична презентација, достапност за поставување прашања, исцрпни одговори“ .

„Се обработија важни теми од областа на катастарот. Потребни се повеќе вакви обуки“.

„Ретко добра обука. Јасно дефинирани проблеми и понудени решенија и насоки за постапување“.

„Одлична обука со одлични предавачи“.

„Обуката беше успешна. Многу проблеми што се појавуваат при работењето беа анализирани. Се дадоа многу предлози и упатства за надминување на проблемите“.

„На обуката имаше корисни информации. Потребни се почести обуки на оваа тема токму поради секојдневните проблеми, а не само кога треба да се информираме за новините“.

„Одлични предавачи, одлична презентација, одлична организација во соодветни простотии“.

„Одлична организација“.

„Предавачите беа одлично подготвени и одлично го пренесоа своето знаење“.

„Организацијата на обуката беше одлична. Презентациите беа исто така одлични“.